Неверојатна чест за Ф1 шампионот: Луис Хамилтон доби витешка титула!

Британскиот возач Луис Хамилтон оваа сезона се израмни по бројот на титули во Формула 1 со Михаел Шумахер и сруши бројни рекорди и достигнувања на Германецот. 

Поради неверојатните достигнувања и промоцијата на Обединетото Кралство, веќе беше најавено, а сега е потврдено дека Британецот ќе добие титула на витез, што ја добиваат истакнати личности од британските држави. 

Така, возачот на Мерцедес ќе стане Сер Луис Хамилтон, што со сигурност претставува огромна чест за него. Оваа титула се доделува уште од средниот век, кога се заработувала со истакнати докажувања на воените полиња, но со текот на времето ситуацијата се измени. 

Хамилтон е шестиот Формула 1 возач во историјата со вакво признание, по Сер Џеки Стјуарт, Сер Стирлинг Мос, Сер Франк Вилијамс, Сер Џеј Брабхам и Сер Патрик Хид. Сепак, Хамилтон е најуспешен во ова друштво, бидејќи веќе е рекордер по бројот на победи во Формула 1 со 91 славје, покрај другите успеси.