Нема казна за Верстапен, ФИА го одби барањето на Мердедес

ФИА го одби барањето на Мерцедес АМГ за дополнителна истрага на инцидентот меѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон во трката за Големата награда на Бразил. 

Холанѓанецот му попречи на Британецот во свиокот четири на патеката „Интерлагос“, а шампионот за да одбегне судир излета во песокот надвор од патеката. Дури и за време на трката оваа ситуација беше проверувана, но стјуардите одлучија дека нема потреба од санкција. 

Во меѓувреме Мерцедес испрати жалба по трката за да се провери инцидентот од повеќе агли и да се утврди дали Верстапен намерно го истуркал ривалот. Сепак, ФИА одлучи дека возачот на Ред Бул не ги прекршил правилата и нема да сноси дополнителни последици. 

Инаку, сезоната во Формула 1 е пред самиот крај. На три трки до крајот Верстепен е лидер во однос на Хамилтон со предност од 14 поени, па така секој бод е важен. Викендов се вози трката за Големата Награда на Катар, првпат на патеката „Лусаил“.