• Иван Димовски
Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон ќе ја вози првата трка во новиот тим Ферари, а во квалификациите немаше баш сјаен настап.
Британецот за време на квалификациите за трката за Големата награда на Австралија имаше извртување. Хамилтон го „загуби“ болидот во вториот сегмент од квалификациите и се изврте на патеката.
Around Lewis went in Q2
It was an uncharacteristic mistake from the seven-time champion #F1 #AusGP pic.twitter.com/LPBvY9pxgX
— Formula 1 (@F1) March 15, 2025
Сепак, тој веќе имаше поставено време за пласман во главниот дел, а на крајот Хамилтон се пласира на осмото место, веднаш зад тимскиот колега Шарл Леклер.
Трката на „Алберт Парк“ во Мелбурн се вози в недела во 05:00 часот.