Нарко-бос опседнат со Роси и Маркез: Запленети мотоцикли со вкупна вредност од 34 милиони

Мексиканската полиција за време на една рација откри магацин со стока, чија вредност беше проценета на 34 милиони евра, бидејќи беше полн со тркачки мотоцикли, сите на легендарниот Валентино Роси и на сè уште активниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез.

Колекцијата на страствениот ентузијаст за мотоциклистички трки, инаку водач на нарко-картелот Рајан Џејмс Вединг, вклучува педесет професионални мотоцикли. Меѓу нив се и бисерите на Дукати, некогаш возени од Роси, Хорхе Лоренцо, Андреа Довициозо, Лорис Капироси и Андреа Јаноне. Како и мотоциклот на Маркез, светскиот шампион во Мото2 од 2012 година.

Операцијата беше спроведена во соработка со американското ФБИ, Кралската канадска коњичка полиција и Полициската управа на Лос Анџелес. Гореспоменатите земји се обидуваат да го пронајдат и уапсат некогашниот канадски олимпиец Вединг, а секој што ќе ја пријави неговата локација може да смета на парична награда од 12,7 милиони долари.

Откривањето на оваа колекција мотоцикли, собрани и складирани без соодветна грижа во гаража, ги изненади дури и експертите во овој сектор. Делумно поради бројот на мотоцикли, делумно поради нечија опсесија со едно нешто.