• Иван Димовски
Фернандо Алонсо ќе ги пропушти медиумските обврски пред Големата награда на Јапонија, откако 44-годишникот за првпат стана татко.
Возачот на Астон Мартин ќе пристигне подоцна на патеката поради раѓањето на своето дете со партнерката Мелиса Хименез. Од тимот потврдија дека станува збор за семејни причини и дека сè е во ред, па Алонсо ќе биде подготвен за настап од петок.
Шпанецот нема да вози на првиот слободен тренинг, а неговото место ќе го заземе резервниот возач Џек Крафорд, како дел од задолжителните сесии за млади возачи.
Во меѓувреме, Астон Мартин има катастрофален старт на сезоната. По две трки тимот е на дното, а Алонсо не ги заврши настапите во Австралија и Кина. Неговиот тимски колега Ленс Строл исто така се мачи, па формата на тимот отвора многу прашања на самиот почеток од сезоната.