Најголем трансфер во историјата на Ф1: Добредојде за Хамилтон во Ферари

Формула 1 тимот на Ферари официјално го пречека Луис Хамилтон во своите редови. Британецот ѝ се приклучи на Скудерија со доаѓањето на 2025 година, па така го реализира го најголемиот трансфер во историјата на овој спорт.

Италијанскиот тим објави видео на кое се гледа дека тимот почнува да го следи не само седумкратниот светски шампион на социјалната мрежа „Инсаграм“, туку и профилот на неговото куче Роско.

Под самата објава, Ферари напиша: „Добредојдовте во семејството Луис Хамилтон“.

Во тимот на Ферари, Хамилтон ќе вози со неговиот омилен број 44, додека партнер ќе му биде Чарлс Леклерк со бројот 16.