• Мартин Танасковски
Сопственикот на Формула 1, „Либерти Медиа“, ги објави финансиските резултати за вториот квартал од 2026 година, кои покажуваат значителен пад на приходите поради промените во календарот предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток.
Според извештајот, во првите шест месеци од 2026 година се одржале три трки помалку во споредба со истиот период лани, што директно се одразило врз финансиските резултати.
Иако уште пред почетокот на сезоната беа планирани поголеми паузи меѓу трките, конфликтот на Блискиот Исток доведе до одложување на Големите награди на Бахреин и Саудиска Арабија, кои првично требаше да се возат во април.
Како последица на тоа, приходите на „Либерти Медиа“ се намалиле за 15 проценти и изнесуваат 1,381 милијарда долари. Оперативната добивка достигнала 180 милиони долари, додека приспособената оперативна добивка пред амортизација (OIBDA) бележи пад од 30 проценти и изнесува 311 милиони долари во споредба со истиот период во 2025 година.
Од Формула 1 потврдија дека Големата награда на Бахреин ќе се одржи на 4 октомври во Малезија, додека трката за Големата награда на Саудиска Арабија е откажана. Одлуката за одржувањето на трките во Катар и Абу Даби сè уште не е донесена, но раководството на шампионатот и понатаму има цел сезоната да биде составена од најмалку 22 трки.