• Горан Упале
Стартот на трката за Големата награда на Мајами во Формула 1 ќе биде три часа порано поради предвидената бура, па возачите на своите позиции ќе застанат во 19:00 часот по средноевропско време.
Одлуката ја донесоа заеднички Меѓународната автомобилска федерација и Формула 1, откако проценија дека обилните дождови би можеле да ја нарушат трката.
„По разговорите меѓу ФИА, Формула 1 и промотерите на Мајами, донесена е одлука почетокот на Големата награда на Мајами во недела да се помести во 13 часот по локално време поради временската прогноза која предвидува посилни бури подоцна попладне“, меѓу другото стои во соопштението.
Доколку врне дожд во новиот термин, ќе бидат воведени дополнителни ограничувања - намалување на максималната моќност, забрана за режим „Boost“ и отворање само на предното крило во рамките на активната аеродинамика.