• Саше Љолес
Првиот човек на Меѓународната автомобилска федерација, Мохамед Бен Сулајем, на својот инстаграм профил објави дека од следната сезона ќе се промени правилото за пцовки во најпрестижниот циркус, Формула 1.
После сите информации што ги добивме од тимовите кои се натпреваруваат во седум светски шампионати, сфативме дека мораме да направиме одредени промени и да го намалиме притисокот врз возачите.
Можам точно да ги разберам затоа што и јас сум поранешен возач, ќе се потрудиме да го промениме таканаречениот Анекс Б во правилникот“, напиша Сулајем.
Многу тимови се пожалија откако беше воведен ова правило, па затоа се очекува од следната сезона да има малку поголема толеранција за возачите. Ова особено се однесува на „Анекс Б“, со кој судиите имаат право да ги казнуваат возачите кои искажуваат пцовки или навредлив речник кон Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).
Прв кој доби пожестока казна беше актуелниот шампион, Макс Верстапен, кој жестоко ја критикуваше ФИА и употреби „несоодветен јазик“ на прес-конференцијата во Сингапур минатата година.
Фото/Foto: AP/Darko Bandic)