НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Михаел Шумахер ја доживеа кобната несреќа во Франција

Шумахер

Денешниот ден обожавателите на Михаел Шумахер ќе го паметат по шокантната вест која што одекна во светот пред точно пет години.

Седумкратниот Формула 1 шампион доживеа скијачка несреќа во Франција и од тој ден повеќе не се појави во јавноста. Неговото семејство потроши милиони за да му го врати здравјето, но се чини дека Германецот никогаш нема да биде ист. Моментално се наоѓа во својот дом во Швајцарија каде прима секојдневна терапија и е под надзор на доктори во текот на целиот ден.

Неговото здравје останува најголемата дилема на денешницата. Неговите најблиски и поранешните соработници не откриваат детали од состојбата на идолот на голем број на приврзаници на Формула 1 спортот.

Шумахер се прослави во болидот на Ферари и на крајот од кариерата заврши со рекордни седум шампионски титули и 91 победа. Настапи на 308 трки и во 155 наврати се искачи на победничкиот пиедестал.