На 90-годишна возраст почина еден од пионерите на Формула 1

Поранешниот британски Формула 1 возач, Тони Брукс почина на 90-годишна возраст. 

Легендата возеше во самите почетоци, поточно од 1956 година и возеше во наредните пет сезони. Брукс во својата Формула 1 кариера запиша шест победи, а десет пати заврши на подиумот. 

Британецот беше еден од пионерите на спортот и најдолго преживеан од победниците во 50. години од минатиот век. Најдобрата сезона во својата кариера Брукс ја возеше во 1959 година кога заврши на второто место во шампионатот.