Мртва трка на Ожие и Нојвил за победа на релито во Монте Карло

Себастијан Ожие на Цитроен и Тиери Нојвил во болидот на Хјундаи водат изедначена трка на релито во Монте Карло - прва трка од „WRC“ шампионатот. Само четири секунди ги делат двајцата автомобилисти и еден од нив сигурно ќе биде победник.

„Очекувам полесни услови во последниот ден. Тиери нема да се откаже и двајцата сакаме да ја завршиме трката и да победиме”, вели Ожие.

Дури шест пати во кариерата Ожие победил на релито во кнежевствотоо. 

Јари-Мати Латвала во Тојота и членовите на Хјундаи, Андреас Микелсен и Себастијан Леб заостануваат зад најдобрите и ќе се борат за третата позиција.