Фановите во еуфорија, Валентино Роси се враќа на патеките

Светот на мотоциклизмот повторно е во еуфорија. Валентино Роси е именуван за фабрички возач на БМВ во ГТ Светскиот шампионат за автомобили.

43-годишниот Роси се повлече од Мото ГП шампионатот на крајот на минатата година. Тој минатата сезона возеше во ГТ шампионат за тимот на Ауди. Следната сезона ВРТ ќе соработува со БМВ, а Роси покрај трките на издржливост ќе учествува и на тестирање на автомобили.

„Нема потреба Роси да биде претставен. Како еден од најуспешните мотоциклисти на сите времиња, тој влезе во историјата. Неговите успеси на тркачката патека и неговата личност со право го направија жива легенда“, изјави директорот на БМВ, Андреас Рос.

Роси е освојувач на девет титули во три класи во Светскиот шампионат во мотоциклизам.