МотоГП го повлече бројот 69 во чест на „детето од Кентаки“

Бројот 69 нема повеќе да се користи во МотоГП шампионатот, затоа што донесена е одлука истиот да се повлече во чест на Ники Хејден, некогашниот шампион кој загина при незгода во 2017 година.

Американскиот мотоциклист во мај во 2017 година загина откако беше удрен од автомобил додека возеше велосипед. Во чест на „детето од Кентаки“ кој настапуваше за Хонда, бројката 69 беше повлечена од мото-спортот на церемонија во Остин.

Многумина раскажуваат како Хејден беше добра личност со неверојатен натпреварувачки дух, а тоа се потврди пред повеќе од една деценија кога водеше голема битка за титулата со Валентино Роси, можеби најголемиот мото-возач на сите времиња.