Мотоциклот на Маркез се запали, Мартин најбрз на трката во Индонезија

Хорхе Мартин од Прамак Дукати победи на трката за Големата награда на Индонезија. Мартин кој беше најдобар и во квалификациите, успеа да ја задржи пол-позицијата и да слави нова голема победа во највозбудливиот мото шампионат на светот.

За второто место заврши Педро Акоста, додека подиумот обезбеди актуелниот шампион Франческо Бањаја. За Мартин ова е трета победа сезонава, а со неа успеа да му побегне на Бањаја на 21 поен во генералниот поредок.

Покрај победата на членот на Праман, трката во Индонезија го одбележа и инцидентот во кој учествуваше осумкратниот светски шампион Марк Маркез. Моторот на Шпанецот се запали во 12-от круг, па тој мораше да се повлече.

Следната трка во Мото ГП шампионатот е идниот  викенд во Јапонија.