Мото ГП во Австрија ќе биде првиот настан со публика оваа година?

Пандемијата предизвикана од коронавирусот се очекува да го смени спортот во огромна мера. Од забрана за присуство на навивачи, до забрана за допири, контакти и ракувања. 

Сепак, преседан може да биде Мото ГП трката во Австрија, која се вози во „Ред Бул“ рингот во Шпилберг. Истата е закажана за последниот викенд од август, а на неа може да присустуваат и фанови. 

Во Австрија од први август ќе стапи на сила дозвола за собири на групи граѓани до 1.000 луѓе, па тоа може да биде искористено и на трката да се најдат само најсреќните. Оваа земја одлично се справи со кризата, па ниту самиот настан не е загрозен и речиси сигурно ќе се одржи, а голем плус би бил доколку има навивачи на трибините.