Мото ГП сезоната ќе започне со две трки во една недела во Херез

Херез

Планираното сценарио за новата Мото ГП сезона се очекува да биде остварено на патеката во Херез. Таму би требало да се возат првите две трки оваа година, и тоа во период од само една недела.

Се очекува само „зелено светло“ од надлежните органи во овој регион, за да се потврди организацијата на воведните две трки од новата сезона. Тие ќе се одржат на 19 и 26 јули.

Безбедноста ќе биде ставена на прво место, па поради тоа навивачите нема да се појават на трибините. Тоа е првичниот план, доколку нешто драстично не се промени со пандемијата со коронавирусот.

Возачите со нетрпение ја очекуваат новата сезона, а стартот би можеле да го дочекаат во средината од јули. Тоа ќе биде крај на неколку месечното чекање поради коронавирусот.

Сезоната во Мото ГП требаше да започне во Катар на 8 март, но таа трка беше откажана поради ограничувања за патување.