Мото ГП од следната сезона и во Казахстан

Од следната година Мото ГП ќе се вози и во Казахстан, откако промоторот на шампионатот Дорна потпиша петгодишен договор со организаторите.

Трките ќе се организираат на новата патека „Сокол“ на излезот од најголемиот град на Казахстан, Алмати, се наведува на веб-страницата на шампионатот.

Така од 1949 година, Казахстан ќе стане триесетта земја што ќе организира трки од шампионатот во Мото ГП, а патеката „Сокол“ ќе биде 74-ти домаќин во „кралската“ класа.

Засега не е познат датумот на тркачкиот викенд во Казахстан. Се очекува раководството на натпреварувањето наскоро да го објави календарот за 2023 година.