Мото ГП не сака смртни случаи: Драконска казна за Мото 3 возач поради сериозен инцидент!

Челниците на Мото ГП најавија високи казни за секој возач кој ќе предизвика опасен инцидент на патеките.

Првата „жртва“ на оваа одлука беше Дениз Онцу. Турчинот беше прогласен за виновен за предизвикување на повеќекратен инцидент на трката во Остин Мото 3 и е санкциониран да не може да учествува ниту на Емилија Ромања, ниту на Гранд При трката на Алгарве.

Турскиот возач по трката се извинуваше, но тоа не беше доволно за санкцијата да биде ублажена.

Голем број ѕвезди уште во минатото бараа сериозни казни за секој кој ќе предизвика опасност на патеките. Од оваа сезона тоа започна да се исполнува, што доби поздрав и од фановите.