Монца во календарот на ФИА и по 2016 година

монца формула 1

Од Апенините стигнуваат позитивни вести околу останувањето на трката за ГН на Италија во Монца во календарот на Ф1 трките и по 2016 година. Тие вести стигнуваат поради промената на законот која ја направи италијанскиот парламент, со што ги зголеми шансите трката да остане во календарот на ФИА.

Италијанскиот весник „Ла Република“ пренесува дека седницата на која се решавало за одобрување на дополнителни средства за трката, траела цели 37 часа, по што главниот комесар дал зелено светло за буџетските промени.

„Одобрувањето на овој закон беше најтешкиот дел за нас”, изјави Анџело Дамјани, претседател на авто-мото клубот на Италија.

Сега останува на челниците на авто-мото клубот да се сретнат со првиот човек на Ф1, Берни Еклстон за да се договори продолжување на соработката и во 2017 година.