Момировски и Симиќ настапија на ридско-брзинскиот шампионат на Косово

Косово е домаќин на Отворениот ридско брзински шампионат, а на покана на Автомобилистичката федерација на оваа земја и на организаторите на натпреварот, настапија и двајца натпреварувачи од АКК Скопје од нашата земја.

Свој одличен настап овој спортски викенд имаа Антонио Момировски со возило Yugo во класата E1, до 1.600 cm кубни и Даниел Симиќ со возило Opel Corsa во класа E1, 2000+ cm кубни, од АКК Скопје.

„Се надеваме дека оваа одлична соработка ќе продолжиме да ја практикуваме во претстојниот период и преку взаемно учество во автомобилистичките шампионати на двете земји ќе продолжиме да го промовираме автомобилскиот спорт и негуваме спортскиот дух“, ни рекоа претставниците на АКК Скопје.

Шампионатот беше двондевен и организиран според строгите протоколи на земјата во време на пандемија.