Мојсовски им ги честиташе успесите на мотоциклистите Бузалковски и Кочоски

Македонските мотоциклисти Христијан Бузалковски и Синиша Кочоски имаа одлични настапи на меѓународна сцена и своите витрини ги збогатија со нови пехари, освоени на БМУ Европскиот шампионат. 

Бузалковски со два триумфи се избори за прво место и по вторпат во кариерата стана  шампион во категоријата Ф600, додека во посилната категорија, односно Ф1000, Кочоски го освои второто место.

Двајцата мотоциклисти денес беа на средба кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, кои им честита за големите успеси и најави уште поголема поддршка во иднина.