Мохамед Бин Сулајем реизбран за прв човек на ФИА

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и во иднина ќе има ист претседател.  Поранешниот рели возач од Обединетите Арапски Емирати, 64-годишниот Мохамед Бин Сулајем е реизбран за претседател на водечкото автомобилско тело, на генералното собрание во Ташкент.

„Им се заблагодарувам на членовите на ФИА за одличната посетеност и довербата што ми ја покажаа повторно. Надминавме многу пречки и денес сме посилни од кога било“, рече Бин Сулајем.

Бин Сулајем немаше противкандидати при гласањето за негов реизбор. Неговиот претходен четиригодишен мандат беше обележан со чести несогласувања со возачите во Формула 1.