• Мартин Танасковски
Историски договор е постигнат во светот на Формула 1, откако италијанската модна куќа „Гучи“ ќе стане главен спонзор и насловен партнер на Алпин од сезоната 2027.
Со ова, „Гучи“ ќе стане првата луксузна модна куќа во историјата што ќе ја преземе улогата на главен спонзор на тим во Формула 1.
Италијанскиот бренд ќе ја наследи австриската компанија „БВТ“, која беше главен спонзор на Алпин од 2022 година.
Според најавите, тимот од следната сезона ќе настапува под името „Гучи Рејсинг“, што претставува една од најголемите маркетиншки и комерцијални промени во модерната ера на Формула 1.
Во проектот како специјален советник е вклучен и легендарниот Флавио Бриаторе, човек кој во минатото беше еден од клучните луѓе зад успесите на тимот од Енстон.