Минарди: Алан Прост ќе биде новиот шеф на Рено

Според некои извори, легендарниот формула 1 возач, Алан Прост, е прв избор за нов шеф на тимот на Рено.

Уште од објавата на француската компанија Рено, за преземање на тимот на Лотус, се шпекулираше дека Сирил Абидебул ќе биде назначен за нов извршен директор, а Џером Стол би можел да биде првиот човек во управниот одбор. 

„Новиот тим, новото име, менаџментот, партнери и сите останати детали ќе бидат објавени за време на специјална церемонија која ќе се одржи во февруари во Париз“, пишува во соопштението на тимот. 

Сепак, поранешниот шеф на Минарди, Џанкарло Минарди изјави дека Рено има нов шеф на тимот: 

„Се зборува дека Алан Прост е сè поблиску до местото шеф на тимот“.