Мик Шумахер ќе го вози болидот со кој Михаел ја освои рекордната седма титула

Михаел Шумахер

Организаторите на трката во Хокенхајм потврдија дека германскиот возач Мик Шумахер, синот на прославениот шампион Михаел, на трката оваа сезона ќе го вози болидот со кој што неговиот татко ја освои рекордната седма титула во Ф1.

20-годишникот се натпреварува во Формула 2 и е дел од возачката академија на Ферари. За време на викендот во Германија тој ќе влезе во болидот F2004.

„Ќе биде емотивно да се гледа како Мик го вози болидот на својот татко. F2004 е одличен болид кој ги донесе двете шампионски титули во сезоната. Со него Михаел оствари 15 победи и го достигна врвот во тој златен период“, вели Рос Браун, извршниот директор на Ф1.

Легендарниот Германец, кој моментално е врзан за болнички кревет, оствари четири од вкупно 91 победи во кариерата на патеката Хокенхајм.