Мик Шумахер дебитира во Формула 1 во 2021 година?

Мик Шумахер, синот на Ф1-легендата Михаел Шумахер, ќе дебитира во најбрзиот автомото спорт во 2021 година, најавуваат медиумите од Германија.

Младиот и талентиран 21-годишен возач е интересен за американската екипа Хаас. Засега нема потврда од тимот за преговори со Германецот, но се верува дека тој е мета не само поради способностите да вози добро, туку и поради неговото презиме и добриот маркетинг кој би пристигнал со него.

Шумахер „јуниор“ моментално се натпреварува во Формула 2, каде вози за екипата на Према Рејсинг. Оваа сезона во 20 трки тој има десет подиуми и во генералниот пласман на две трки пред крајот е лидер.