Михаел Шумахер имал терапија со матични клетки во Париз и е свесен!?

За Ф1-легендата Михаел Шумахер долги години нема информации во јавноста. По незгодата која ја имаше на скијање, за Германецот се вели дека е во кома, а семејството се уште нема излезено со официјален став околу неговата здравствена состојба.

Неколкукратниот првак беше во болница во Швајцарија, а сега е префрлен во болница во Париз, каде примал терапија со матични клетки. Една од медицинските сестри во болницата „Georges-Pompidou“, за весникот Ле Парисен открила детали.

„Да, Шумахер е под моја контрола. Ве уверувам дека е свесен“, изјавила медицинската сестра.

Човекот кој има седум Ф1-титули зад своето име се повлече од најбрзиот автмото спорт во 2012 година, а скијачката незгода ја имаше во 2014 година.