Михаел Шумахер е највлијателната личност во историјата на формула 1

Некогашниот германски формула 1 возач, Михаел Шумахер, е прогласен за највлијателната личност во историјата на овој спорт, во анкетата спроведена на официјалната интернет-страница на Формула 1.

Формула 1 великанот освои 61% од гласовите во финалето, во кое предизвикувач му беше доскорешниот шеф на ФИА, Берни Еклстоун. Претходно, Шумахер беше подобар и од Ники Лауда, Аиртон Сена, Хуан Мануел Фанџо и Енцо Ферари.

Михаел Шумахер е рекордер по број на титули, вкупно седум, како и победи, вкупно 91. Најблиску до рекордите на големиот Шуми е актуелниот формула 1 првак Луис Хамилтон, кој ги брани боите на Мерцедес.