„Михаел сакаше да го води Мик во Ф1 кариерата...“

Шумахер

Германската легенда Михаел Шумахер останува дилема за пошироката јавност. Здравјето по пет години од скијачката несреќа во Франција е непознаница за фановите и се чува во тајност со цел да се отстрани било каква негативна последица врз семејството.

Поранешниот менаџер на седумкратниот Ф1 шампион, Вили Вебер, откри која била неговата намера со синот Мик.

„Постојано одев заедно со Михаел на тренинзите на неговиот син Мик. Тогаш тој ги правеше првите чекори во овој спорт. Ми беше оставен впечаток дека тој сака да го однесе својот син до Формула 1 шампионатот и таму да го води во текот на цела негова кариера. Тоа ќе беше перфектен крај на приказната на Михаел. Тој ги знае сите детали за болидите и она што ќе му беше потребно на Мик да изгради солидна кариера.

Сега неговиот син има голем притисок, бидејќи го носи презимето кое е познато ширум целиот свет. Во очите на луѓето тој ќе мора да победувам бидејќи друг исход ќе биде прифатен како неуспех“, вели Вебер.

Оваа сезона Мик дебитираше во Ф2 шампионатот и направи голем чекор кон иднина во најсилното автомобилистичко натпреварување во светот.