Михаел ќе биде горд, Мик Шумахер е нов Формула 2 шампион!

Мик Шумахер е нов шампион во Формула 2, со што најави дека е можеби зрел да тргне и да го следи патот кој го одеше неговиот татко Михаел. Момчето кое следната година ќе вози за Хаас во Формула 1 успеа во својата мисија и ги одбрани бодовите потребни за титула во Бахреин. 

21-годишникот на првата трка успеа да заврши како шести и тоа на едно место зад Илот кој му беше закана за титулата, иако започна од 18-тата позиција. Шумахер заедно со Шварцман успеа да обезбеди и титула за контструкторите на Према Рејсинг уште вчера и со голем успех ќе патува следната година во Формула 1. 

Во втората трка која се возеше денес, Шумахер заврши на осумнаесеттата позиција.

Синот на легендата во овој мото-спорт се следи со огромно внимание од пошироката јавност, а следната сезона во Хаас ќе мора да ја оправда довербата и покрај неконкурентниот болид.