• Сашо Поповски

Денес, во хотелот Александар Палас во Скопје, Мотоциклистичката Федерација на Македонија ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2015 година. На свечениот настан претседателот на МФМ, Зоран Наумовски им се заблагодари на присутните за поддршката и им ги честиташе признанијата на спортистите.
Федерацијата ги награди најдобрите поединци во мотокрос шампионатот. Признанијата отидоа кај натпреварувачите во класите МХ85, МХ3, МХ2 и МХ1. Потоа, беа наградени и клубовите, кои беа дел од шампионатот, како и спонзорите, кои ја овозможија и ја помогнаа работата на федерацијата, во текот на цела сезона. Трките се возеа на две патеки: Орман кај Скопје и Братиндол кај Битола.
Најдобар во класата МХ85 беше Самир Бишевац од мотокрос клубот Мото Велес. Во МХ2, најдобар беше Христиан Станковиќ од МК Мотостарс. Во најсилната класа МХ1, на првото место заврши Христиjан Илиоски од МК Пелистер. Во клупска категорија, најуспешни беа екипата на Ноќни волци од Битола.