ВИДЕО: Мерцедес згреши, па сите му се извинуваа на разочараниот Расел

Џорџ Расел ја доби шансата да се натпреварува во болидот на светскиот шампион Луис Хамилтон и на втората трка во Бахреин го возеше најбрзиот Мерцедес АМГ. Иако имаше шанса да победи, поради конструкторска грешка младиот Британец не ја исполни целта. 

Во текот на трката тој беше повикан во боксот и стјуардите ги измешаа пневматиците, па Расел мораше да се врати и повторно да менува, што го чинеше многу и излезе дури како четиринаесетти. Сепак, се избори за деветтото место и победи во изборот за возач на денот меѓу фановите. 

  • Грешката на Мерцедес:

Младиот возач имаше животна шанса, а по трката доби извинување од директорот Тото Волф, како и останатите членови на тимот. Расел иако беше видно нерасположен, само се заблагодари за оваа можност. 

  • Разговорот меѓу Расел и тимот по трката:

Доколку Хамилтон не добие негативен тест во текот на оваа седмица, многу веројатно Расел одново ќе седне во брзиот болид на Мерцедес за последната трка од сезоната во Абу Даби.