Мерцедес тужи вработен заради злоупотреба на доверливи информации

Мерцедес

Екипата на Мерцедес покрена правна постапка против Бенџамин Хојл, поранешен член на инжињерскиот тим на германската екипа.

Наводно, Хојл, кој треба да направи трансфер во екипата на Ферари на крајот на сезоната, пристапил до информации кои не смеел да ги види. Утрово, Мерцедес ги потврди информациите дека сите потребни документи се поднесени до судот.

Се зборува дека причина за целата ситуација бил моментот кога Хојл, заради својата желба да го напушти тимот, бил преместен од својата функција и добил нови поедноставни проекти и задачи.