Мерцедес со оваа објава ја потврди иднината на Луис Хамилтон

Хамилтон

Завршницата на изминатата Формула 1 сезона донесе тежок удар за Мерцедес и Луис Хамилтон. Ривалите од Ред Бул се израдуваа на титулата во индивидуална конкуренција со драматичниот последен круг во Абу Даби. 

Британецот од тој ден е во молк и не комуницира со јавноста и медиумите. Сите се прашуваат дали ќе ја продолжи кариерата, или ќе замине во пензија. Неговиот тим со последната објава се чини ги разреши сите дилеми.

„Неволјата предизвикува некои да се скршат, други да соборуваат рекорди...“, напиша Мерцедес.

Новата сезона започнува за нешто повеќе од два месеци. Макс Верстапен ќе ја брани титулата и се чини дека одново ќе биде во директен судир со Луис Хамилтон.