ФОТО: Мерцедес се пофали со новиот болид, за 2023 се враќа во црно

Формула 1 тимот на Мерцедес АМГ го претстави новиот болид за сезоната 2023. 

Трендот на преубави дизајни продолжи, бидејќи германскиот тим ги одушеви фановите. Иако беа доста критикувани за црната боја, болидот одново се најде во најтемната можна нијанса. Во комбинација на темна црна, речиси мат боја и карбонски делови, Мерцедес „W14“ изгледа одлично. 

Фабричката боја на Мерцедес од почетоците беше сива, тие нијанси беа препознатливи за тимот, меѓутоа во последните години во неколку наврати се бираше црната за основа на болидите. Иако имаше доста критики, постојат и многу фанови кои ја одобруваат оваа одлука.