Мерцедес потврди еден позитивен случај на ковид-19 во тимот

Мерцедес

Корона вирусот прави проблеми во сите спортови и оваа есен. Меѓутоа препораките и протоколите на медицинските лица сега се различни во однос на оние од пред неколку месеци. Опасноста дека некој шампионат ќе биде прекинат постои, но за да дојде до тоа ќе мора да се потврдат голем број случаи кои се опасни по здравјето на учесниците.

Овој вирус пристигна и во шампионската екипа во Формула 1 шампионатот. Мерцедес потврди дека еден член на тимот добил позитивен случај на ковид-19.

Со оглед на тоа што Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа дел од прес-конференцијата во пресрет на трката на „Нирбургринг“, не се работи за еден од возачите.

Според протоколите на ФИА, од тоа лице сега ќе се бара да се самоизолира до 14 дена, додека Формула 1 ќе го спроведе својот систем за тестирање и трага за да се осигура дека нема ширење на корона вирусот.