Мерцедес ја погоди тактиката, Хамилтон одново подобар од Верстапен

Луис

Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Шпанија и третпат сезонава се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Уште на самиот почеток Макс Верстапен се закани и изби на првата позиција, откако стартуваше подобро од ривалот и застана пред него. Тоа му овозможи да наметне свое темпо и во поголем дел од трката да биде на челната позиција.

Од Мерцедес одлучија да прават тактика со едно застанување во боксот. Тоа беше паметен потег, со оглед на тоа што на крај им донесе голема победа. Холанѓанецот одново доби удар од актуелниот шампион, кој ја зголеми предноста во генералниот пласман, со третата сезонска победа.

Третото место му припадна на Валтери Ботас, а веднаш зад него целта ја мина Чарлс Леклер со Ферари.

Сега Хамилтон има 94 бода, во однос на оние 80 на неговиот најголем конкурент за титулата Верстапен.