Мерцедес ја исклучи можноста да го ангажира Верстапен за наредната сезона

Мерцедес

Челниците на екипата на Мерцедес, која и оваа година е голем фаворит да ја освои двојната круна во Формула 1 шампионатот, потврдија дека имињата на возачите за наредната сезона нема да се променат.

Пред неколку недели започнаа шпекулации кои го поврзаа Макс Верстапен со германскиот тим. Но, сето тоа беше демантирано од Тото Волф, првиот човек на бранителот на титулата во конструктори.

„Нема вистина во тоа. Не сум зборувал со Макс и би сакал да нема промени наредната сезона. Пред да започнеме преговори со некој, најпрво правиме евалуација на нашата актуелна екипа и причините поради кои треба да направиме промени. Луѓето постојано измислуваат работи. Мислам дека сите ние сме задоволни од начинот на кој што нè претставуваат Луис и Валтери“, вели Волф.

Хамилтон и Ботас ја предводат конкуренцијата во генералниот пласман и се чини до крајот на сезоната без проблеми ќе остварат еден-два победа во шампионатот.