Мерцедес и Ферари одбија да бидат дел од документарен филм за Формула 1

Извршниот директор на компанијата „Нетфликс“, Пол Мартин изјави дека тимовите на Мерцедес и Ферари ги изневериле очекувањата на фановите на Формула 1, откако одбиле да бидат дел од документарен филм за најбрзиот „циркус“ на светот.

Од вкупно десет тим од кои се побарало да бидат дел од документарниот филм, осум со задоволство го прифатиле повикот, но Мерцедес и Ферари одговориле негативно.

„Со своето одбивање тие покажаа доза на непочитување на своите фанови. Ако условите се доволно добри за осум тима, тогаш тоа требаше да биде така и за Ферари и Мерцедес“, изјави Пол Мартин. 

По ваквиот развој на настаните, од страна на Ферари не сакаа да дадат официјално соопштение, додека од Мерцедес сметаат дека претстојниот шампионат е во преден план и се останато може негативно да влијае на нивните амбиции. „Нетфликс“ документарната серија за Формула 1 на својот сервис ќе започне да ја емитува на 8 март.