Мерцедес го брка историскиот рекорд на Сена и Прост од 1988 година

Мерцедес

Актуелниот владетел во Ф1 шампинатот, екипата на Мерцедес, има можност да израмни историски рекорд постaвен пред 31 година.

На седум трки во новата сезона, Луис Хамилтон и Валтери Ботас обезбедија исто толку победи за својот тим. Тие го надминаа достигнувањето од 2014 година, а сега атакуваат на серијата успеси која ја остварија Аиртон Сена и Ален Прост.

Во сезоната во 1988 година, двајцата пилоти обезбедија 11 победи на стартот од првенството со својот Мерцедес Хонда.

Овој јуни ќе се одржат две трки, во Франција и Австрија, а со оглед на конкуренцијата, тешко дека некој би им се спротиставил на Хамилтон и Ботас.

Ако се оди според планот, рекордот ќе биде израмнет во Хокенхајм, а надминат во Хунгароринг на почетокот на август.