Мерцедес е друга лига, Расел и Антонели најбрзи на спринт квалификациите во Кина

Мерцедес е во друга лига на стартот на Формула 1 сезоната, бидејќи е доминантен во пресрет на вториот тркачки викенд. 

Џорџ Расел и Кими Антонели беа најбрзи на спринт квалификациите во Кина и тоа со релативно висока предност. Британецот освои пол-позиција со време од 1:31,520, додека младиот Италијанец беше за 0,289 секунди побавен. 

Третопласиран е Ландо Норис кој доцнеше за 0,6 секунди зад водечкиот сонародник, додека слично заостанување имаа Луис Хамилтон и Оскар Пиастри. 

Во топ десет се пласираа Шарл Леклер, Пјер Гасли, Макс Верстапен, Оливер Берман и Исак Хаџар.