Мерцедес доминира и на „Силверстоун“, еден-два победа за Хамилтон и Ботас

Мерцедес продолжи со доминацијата во Формула 1 и ќе има два болида на стартните две места на Ф1-трката за ГН на Велика Британија која се вози на „Силверстоун“.

Луис Хамилтон беше најбрз во квалификациите со време 1:24.303, а зад него заврши клупскиот колега Валтери Ботас кој заостануваше за 300 стотинки. Третото место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул.

Главниот конкурент за титулата од Ферари, Чарлс Леклерк, ќе стартува од четвртото место, додека вториот возач на италијанскиот тим, Себастијан Фетел заврши дури на десеттото место.

Трката за ГН на Велика Британија е закажана в недела од 15:10 часот.