Мелбурн останува во календарот на Ф1 најмалку до 2025 година

Трката за Големата награда на Австралија во Формула 1 ќе продолжи да се вози и понатаму, затоа што двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката.

Според новиот договор, соработката е продолжена на уште две години и трката за ГН на Австралија ќе биде во Мелбурн најмалку до 2025 година. Претходниот договор истекуваше за две години, па Ф1 реши да не остави ништо на случајноста.

Трките во Ф1 без престан се возат во Австралија уште од 1985 година. Новата сезона во најбрзиот автомото спорт почнува токму во Мелбурн.