• Иван Димовски
Мекларен направи невообичаен потег и го продаде својот болид за сезоната 2026 уште пред истиот да дебитира на патеките во Формула 1. Со тоа ја потврди огромната комерцијална вредност на брендот и интересот за идните технолошки решенија на тимот.
Болидот беше продаден на аукција одржана во Абу Даби, каде што достигна цена од 11.4 милиони долари. Тоа е сума што јасно покажува колку се ценети ексклузивните и уникатни примероци од најбрзиот авто-спорт во светот, особено кога доаѓаат од еден од најреномираните тимови во историјата.
Иако е веќе продаден, новиот сопственик ќе мора да почека. Болидот ќе му биде официјално испорачан дури во 2028 година, откако Мекларен ќе ја заврши неговата активна употреба и ќе ги испочитува сите технички и регулаторни обврски поврзани со сезоната 2026.