Мекларен се „разбуди“, шампионот победи на вториот сезонски спринт во Формула 1

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на втората спринт трка оваа сезона на Големата награда на Мајами во Формула 1. Актуелниот шампион за првпат оваа сезона се искачи на највисокото место на подиумот и ја прекина доминацијата на Мерцедес од почетокот на шампионатот.

На втората позиција заврши неговиот тимски колега Оскар Пјастри, кој заостана речиси четири секунди. Третото последно место на подиумот го освои Шарл Леклер од Ферари.

Водечкиот во генералниот пласман, Кими Антонели, низ целта мина како четвртопласиран, но веднаш по трката беше казнет поради излегување надвор од рамките на патеката, по што падна на шестата позиција. Според изменетиот ранкинг четвртопласиран е Расел, петти е Верстапен пред младиот Антонели, а во бодови завршија уште Луис Хамилтон и Пјер Гасли. 

Квалификациите за главната трка се возат вечерва во 22:00 часот.