Мекларен сака да го искористи неговото искуството и започна преговори со Алонсо

Челниците на Формула 1 тимот на Мекларен започнаа преговори со Фернандо Алонсо за можноста од наредната сезона легендарниот шпански возач да го тестира болидот на британскиот тим. 

Според британските медиуми, Мекларен веќе доставил понуда до двократниот светски шампион, и сега се чека на одговор од Алонсо, кој по завршувањето на својата кариера во Формула 1 се реши да им се посвети на Светскиот шампионат во издржливост и на Индијанополис 500. 

37-годишниот шпански пилот, зад себе остави фантастична кариера. Покрај двете титули од 2005 и 2006 година, запиша 32 победи, 97 подиуми и 22 пол-позиции.