Мекларен потпиша со 11-годишник, го гледаат како новиот Хамилтон

Екипата на Мекларен го претстави 11-годишниот британски картинг талент Хари Вилијамс како најнов член на својата развојна академија за возачи, со што тој стана најмладиот учесник во историјата на програмата.

Овој потег дополнително го нагласува потенцијалот на младиот возач, кој во програмата влегува две години помлад отколку што тоа го направи легендарниот Луис Хамилтон во 1998 година. Седумкратниот светски шампион тогаш имаше 13 години, пред да дебитира во Формула 1 во 2007 година. Низ истиот развоен систем поминал и актуелниот шампион и возач на Мекларен, Ландо Норис, кој се приклучил како 17-годишник.

Вилијамс ја започна својата кариера во 2021 година, настапувајќи во серијата „Супер Ван“, а веќе следната година премина во кадетска конкуренција. Кон крајот на 2022 година потпиша за Фјужн Моторспорт, по што настапуваше на бројни национални и меѓународни натпреварувања во текот на 2023 година.

Неговиот напредок беше потврден во 2024 година, кога заврши меѓу најдобрите десет во британскиот шампионат ИAМЕ Интер Вотерсвифт, паралелно натпреварувајќи се и на меѓународната сцена. Истата година ја круниса со освојување на титулата британски шампион.