ФОТО: Мекларен остана верен на портаколовата боја и го претстави новиот MCL35

Мекларен

Екипата на Мекларен го претстави новиот болид MCL35 со кој ќе се натпреварува во новата Формула 1 сезона.

Возачите Карлос Саинц и Ландо Норис беа дел од церемонијата во Вокинг. На истата можеше да се забележи дека на болидите преовладува препознатливата портокалова боја.

„Ова е важен момент за целиот тим. Секој член на тимот вложи многу време и напор за производството на MCL35. Карлос и Ландо покажаа решителност минатата сезона и продолжија напорно да работат во подготовките за тестовите за новата сезона. Со нетрпение очекуваме да се засноваме на она што беше многу позитивно во првата година со нив зад воланот“ , изјави директорот Андреас Зајдл.

Претсезонските тестирања за сите екипи се закажани за 19-21 февруари во Барселона. Вториот дел од тестовите ќе се одржи од 26-28 февруари.

Новата сезона традиционално ќе започне на 15 март со трката во Австралија.