• Саше Љолес

Возачот на Мекларен, Ландо Норис е пуштен од болница откако доживеа судир во трката за Големата награда на Соединетите Американски Држави, која се возеше во Лас Вегас.
Норис загуби контрола над својот болид во дванаесеттиот круг, по што удри со голема брзина во заштитната ограда. Тој веднаш излезе од болидот, но докторскиот тим веднаш го испрати во болница на дополнителни прегледи.
„Беа направени неколку прегледи и анализи, по што решивме дека нема потреба Норис да биде задржан на болничко лекување“, кратко изјавија лекарите од клиниката во Лас Вегас.
Ова беше прва трка во сезоната која Норис не успеа да ја заврши, а последната сезонска етапа ќе се вози следниот викенд, кога Формула 1 циркусот ќе отпатува во Абу Даби.